Интервју со олимпиецот Ставре Јада. “Исхраната на Новак Ѓоковиќ влијае премногу и води кон подобри резултати, следната сезона ќе бидам во првата тројка на балканот”

  • Ставре, честитки за многу успешната минатата сезона! Гледајќи наназад, дали се прашувате како успеавте измината година драстично да ја подобрите формата и да успеете да постигните историски најдобар резултат споредбено со било кој македонски претставик на олимписки игри?

Благодарам, минатата сезона беше исклучиво тешка сезона за мене со оглед што беше и Олимписка година, едноставно успехот беше постигнат со строгиот план на исхрана, квалитетен тренинг и голема мотивација.

 

  • Следната сезона брзо се ближи. Како поминува вашата подготовка досега? Дали изминативе месеци работевте на конкретни точки?

Да, следната сезона веќе започнува за 70-дена и тоа ролер ски трките, изминатиов период обрнав доста внимание на мојата силова издржливост и секако на долгите тренинзи во траење од околу 5 до 6 часа дневно.

No description available.

  • Кои се вашите идни цели?

Едноставно моите лични цели се добро да се претставам на летните ролер ски трки, но не и да се префорсирам затоа што и зимската сезона имаме важни трки, како “Балкан Куп” на кој цел ми е да бидам дел од првата тројка на подиумот, “Светски куп”, “Светско Првенство” во Словенија во Февруари месец каде за 15км трка ќе се спремам посебно, 15км е категорија на која најдобро сум прилагоден.

 

  • Ајде едно потсетување од маратонот на Олимписките Игри. Какво е чувството кога на старт покрај тебе ги имаш еден Алексадар Болшунов, Денис Спицов, Јоханес Клебо и сега веќе пензионираниот Дарио Колоња?

Чувството е неописливо, покрај најголемите светски сили и тркачи да се најдам беше неописливо, тие се тркачи од светски ранг, Болшунов е мојот идол, Болшунов, Спицов, Клебо тие за нордиското скијање се едноставно она што беше Јусејн Болт во атлетиката .

No description available.

  • Некако се стиши норвешката доминација покрај Болшунов. Кој е вашиот кометар?

Да Болшунов им држи лекција на Норвежаните веќе 2 години, тој е многу принципиелен и силен, посебно на долгометражни трки 15, 30, или 50км е неприкосновен.

 

  • Како успеа да се навикнеш на лудиот студ на планинскиот кластер? Зборувам за маратонот на 30 километри

Тоа беше трка што ќе ја памтам додека сум жив. Еден час пред старт ветрот беше со сила од 140км/ч и затоа донесе ФИС одлука да се скрати од 50 на 30км, кога излегов на стартот едноставно не осеќав ниту раце, нозе, тело… Едвај чекав да почне трката и да се загрем колку што тоа беше можно, тоа беше најтешката трка за мене.

 

  • Имаше ли некој тежок момент за време на игрите?

Најтешкиот момент за мене беше на отварањето на игрите, комисијата поради тоа што бев во контакт со тренерот Борче Јованоски одлучи да не пристуствувам на отварање на игрите, во изолација останавме и јас и мојата колешка Ана Цветановска, тоа беше најтешкиот момент за мене.

 

  • Скијањето е еден од ретките спортови каде тренерот за време на натпреварувањето има можност да застане блиску до патеката и да предложи нешто. На што навистина влијае и дали сте имале ваква ситуација?

Да тоа е вистина на сите трки е така има право во одредени зони да застани тренерот и да мери време. За мене најбитно беше мојот тренер Јованоски да ми кажува информација колку минути заостанувам зад Болшунов на 30км трка.

 

  • Дали читате нешто за себе на Интернет? За време на Олимписките Игри имаше и критики кои беа упатени до тебе дали успејаа да те демотивираат?

Критики имало и секогаш ќе има во таква држава живееме, претежно критиките беа пред маратонот, но не обрнав многу внимание и останав смирен за секој коментар.

 

  • Имало ли ситуации кога не сте биле задоволни од скиите што ги добивте за сезоната?

Да имав такви ситуации пред 2 – 3 сезони неколку пати не бев задоволен од скиите што ги добивав затоа што не беа по моја желба, купувани беа неколку класи постари скии во однос на конкурентите, тоа е далеку од професионализам.

 

  • По што се разликуваше подготовката за ваква успешна сезона за тебе од онаа што беше претходно??

Најмногу влијаеше вистинскиот тренинг, напоменав претходно исхраната, правилниот (тренинг) и мотивацијата која ја добивав од тренерот и екипата околу мене. Моето тело не е од челик да секој ден трпи интервали од типот 6×4 мин на макс, 7×3 на макс, 4×20мин на макс, тоа не го прави ни Болшунов, затоа со правилен тренинг се постигнува се и секако вистинскиот тренинг во базата Белмекен Бугарија на 1990м.н.висина таму таа планина ги создава најдобрите спортисти.

 

  • Имаше ли нешто што го подготви специјално за сезоната и го понесе со себе понатаму?

Да исхраната, се се врти околу исхраната во професионалниот спорт, имам читано книги од Новак Ѓоковиќ , Усаин Болт и други, таа на Новак ја отварам често и ги користам истите рецепти. За да ја одржам мојата тежина треба да внимавам најмногу на храната.

 

  • Како ја гледате вашата техника? Дали е блиску до она што би сакале да го видите?

Мојата техника сеуште не е на она ниво што сакам да биде, но со секојдневен трењинг и подобрување, до зимскиот дел од сезоната ќе ја подобрам драстично.

 

  • Почуствувава ли во Пекинг дека ја врати твојата најдобра форма?

Почувствував на 30 километарската трка, а тоа се потврди 1-недела по Олимписките Игри тука на Балканот каде од 6 трки успеав на 3 да влезам во првите 3 места, потоа зад најсилниот Балкански тркач Паул Пепене заостанав само 2:45 мин со што конечно се вратив во игра во 5 те најдобри на Балканот, останува да ја чекам оваа сезона каде ќе влезам со уште  поголема мотивација.

 

Ви благодариме за интервјуто

Разговорот го водеше Љупчо Маркоски

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа