„Се обидов, но НЕ УСПЕА“ Ангела Меркел проговори за војната во Украина, една работа нема да му се допадне на Киев

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека се обидела да ја спречи ситуацијата во Украина додека била на функција, додавајќи дека не се обвинува себеси што не направила доволно, пренесува Ројтерс.

За време на телевизиско интервју со германскиот писател и новинар Александар Осанг , Меркел зборуваше за војната во Украина и неуспехот да се спречи актуелната ситуација за време на нејзиниот мандат како канцелар. 

– Голема е тагата што не успеа, но не се обвинувам себеси што не се обидов – рече Меркел, зборувајќи за договорот од Минск со Русија од 2014 година.

Меркел, исто така, рече дека нема оправдување за руското „брутално непочитување на меѓународното право“  во Украина, додавајќи дека е против влезот на Украина во НАТО, бидејќи сака да спречи понатамошна ескалација со Русија и смета дека Украина не е подготвена за такво членство.

Таа додаде дека не гледа смисла во нејзиното посредување во конфликтот во Украина, ниту Киев и се обратил со барања.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа