ПУТИН збесна и СЕ ЗАКАНУВА НА МАКРОН?! Не ви доаѓа умот? Франција испраќа тешко оружје во Украина, Москва збесна: „Конфликтот ќе ескалира“
Киев ќе добие дополнителни системи на тешко вооружување, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски. Француските медиуми јавуваат дека Париз ќе испрати уште хаубици „цезар“ во Киев.
Според соопштението објавено од кабинетот на Макрон, францускиот лидер му рекол на Зеленски дека Франција ќе ги задоволи потребите на Украина за оружје, „вклучувајќи ги и потешките“.
Извори цитирани од Радио „Европа 1“ наведуваат дека до крајот на месецот би можеле да бидат испратени уште шест хаубици од типот „Цезар“. Франција испорача шест од овие вооружени системи на Украина кон крајот на април, се додава во извештајот.
„Цезар“ од 155 mm е поставен на камион и има ефективен досег од 40 km. Првите извештаи на француските медиуми укажуваат дека 12 парчиња ќе бидат испратени во Украина.
Пристигнува „надградена“ верзија на оружјето
Некои забележаа дека овој потег ќе помогне да се забрза замената на оружјето со понапредни хаубици „Цезар“ НГ, што беше објавено во февруари. Надградената верзија има нова шасија со помоќен мотор и подобра заштита на кабината.
Во извештајот „Европа 1“ се наведува дека француската армија можеби се двоуми дали да обезбеди поголем број хаубици, имајќи предвид дека има само 76 парчиња од ова оружје кои биле оперативни пред првата испорака во Украина. Потребна е околу една година за да се произведе нов вооружен систем „Цезар“, се вели во соопштението.