Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во стилот на измеќар од Македонските народни приказни го видовме како се смее и .одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Димитар Ковачевски бидејќи не реагирал на шегата на албанскиот премиер Еди Рама кој го нарекува премиер на идна Западна Бугарија.
„Ковечевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија.Едно зборува пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија. Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските народни приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски“, реагираат од партијата.
Од партијата бараат Ковачевски и да се извини за овој