РУСКАТА ВОЈСКА ГИ ПОВИКУВА УКРАИНЦИТЕ ДА ГО ПОЛОЖАТ ОРУЖЈЕТО! Во Северодонецк утре започнува важна ОПЕРАЦИЈА! (ВИДЕО)
Руското Министерство за одбрана за утре најави отворање на хуманитарен коридор за цивили од територијата на фабриката Азот во Северодонецк и ги повика украинските сили да го положат оружјето.
– Водени од хуманите принципи, вооружените сили на Русија и формациите на Луганската Народна Република се подготвени да спроведат хуманитарна операција за евакуација на цивили. За да се направи тоа, од 8 до 20 часот по московско време, на 15 јуни ќе биде отворен хуманитарен коридор во северниот правец кон градот Сватово во Луганската Народна Република – изјави началникот на Рускиот национален одбранбен центар Михаил . Мизинцев , пренесува Интерфакс Русија.
Како што рече Мизинчев, загарантирана е сигурна евакуација на сите цивили без исклучок и нивното движење како дел од хуманитарните конвои до центрите за привремено сместување.
Според Мизинцев, украинската страна побарала организација на хуманитарен коридор за евакуација на цивили, жени, деца и стари лица, кои се наоѓаат во хемиската фабрика Азот во Северодонецк на територијата под контрола на Киев во градот Лисичанск.