„ЗНАЕМЕ КОЈ ВИ РЕЧЕ ДА ГИ ПРЕКИНИТЕ ПРЕГОВОРИТЕ“ Захарова откри што ќе биде со оружјето што Западот и го испраќа на Украина
-Тие преговори, прашајте ги за формулацијата, беа замрзнати, блокирани, прекинати, суспендирани, нека кажат, режимот на Киев, што направија со тие преговори. А другото е што многу добро знаеме и имаме соодветни информации дека наредбата е дојдена од американски патрони – рече Захарова на брифинг со новинарите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Таа повтори дека претставниците на Секретаријатот на ОН со задоцнување реагирале на фактот дека украинските сили гаѓале болници и породилишта во Доњецк и тоа дури по интервенција на руската мисија во ОН.
Таа, исто така, привлече внимание на фактот дека западните медиуми го игнорираа гранатирањето на цивилите во Доњецк .
Дипломатот предупреди дека оружјето што Западот и го доставува на Украина ќе биде расфрлано во Европа и во други области.