„АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ КОНТРОЛИРААТ ТЕРОРИСТИТЕ И НЕОНАЦИСТИТЕ“ Асад вели дека Сирија и Русија се борат против истиот непријател

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека САД ги контролираат и терористите и неонацистите.

– Тоа значи дека Русија и Сирија се борат против ист непријател, бидејќи и терористите и неонацистите се контролирани од иста земја – САД – изјави сирискиот лидер, пренесува ТАСС.

На средбата со заменик-претседателот на Државната дума , Дмитриј Саблин и делегацијата на Доњецката Народна Република , тој истакна дека главната и најголема битка се води против политиката на хегемонија што ја води Западот.

– Сирискиот претседател Башар ал Асад и честиташе на делегацијата на ДНР за ослободувањето на поголемиот дел од републиката и рече дека ќе нареди Министерството за надворешни работи да ја започне процедурата за официјално признавање на ДНР и ЛНР – пренесе РИА Новости.

Москва ќе го поздрави признавањето на ДНР и ЛНР од други земји, особено од Сирија, која ни е пријателска, изјави Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација.

– Ќе го поздравиме признавањето на ЛНР и ДНР од други земји, особено од пријателската Сириска Арапска Република – изјави Песков за новинарите.

Сирискиот претседател додаде дека Западот се смета себеси за центар и се стреми да владее со светот во согласност со своите интереси.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа