МИЛОШОСКИ ДЕТОНИРА МЕГАНУКЛЕАРКА! ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ОД ПРЕДЛОГОТ! Македонците стануваат бугари а Македонија западна Бугарија како што тврдеше Рама? Ковачевски го имал документот на увид уште пред неколку недели и го криел?
Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати, објави пратеникот Антонио Милошоски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Фејсбук објави фотографии за коишто тврди дека се извадок од предлог-преговарачката рамка на ЕУ, за којашто вели дека има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија.
„Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати. На Македонија ѝ се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната декларација на Бугарија од 2019 година. Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој ѝ одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори“, напиша Милошоски на Фејсбук.