Селото Гордеевка во руската област Курск на границата со Украина утрово е гранатирано од украинска територија , изјави регионалниот гувернер Роман Старовоит.
Според него, во гранатирањето нема жртви или материјална штета, јавуваат странските медиуми.
– Според првичните податоци, на некои куќи искршени се прозорците. Ситуацијата е целосно под контрола на нашите граничари и армијата – потенцираат од Старовојт.