„ЦЕЛТА Е РУСИЈА ДА ЈА ВТУРНАТ ВО НОВ СКАНДАЛ“ ЗГМРЕ Захарова – демантираше приведување на руски шпион во Холандија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги демантираше, како што рече, лажните гласини за приведување на руски таен агент во Холандија, лансирана со цел Русија да се вклучи во уште еден шпионски скандал.
– Слушнавме за медиумски шпекулации дека во Холандија е приведен извесен В.М. Фереира, државјанин на Бразил. Холандските власти тврдат дека тој е „припадник на службата ГРУ“ (руска воена разузнавачка служба), кој како практикант се обидел да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд – изјавила Захарова, пренесе ТАСС.
Таа додаде дека е евидентно дека „таквите лаги имаат за цел да ја вмешаат Русија во уште еден шпионски скандал“.
– Јавноста се плаши од руски „подмолни интриги“, а во исто време се создава атмосфера дека МКС треба да ги истражи злосторствата што наводно ги извршила руската армија во Украина – додаде Захарова.
Да потсетиме, холандската разузнавачка служба вчера објави дека открила руски воен агент во обид да употреби лажен идентитет за да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој ги истражува наводите за воени злосторства во Украина, рече шефот на агенцијата. .
Според Ројтерс, Сергеј Владимировиќ Черкасов смислил детална приказна што ја спроведувал во пракса низ годините со цел да се обиде да влезе во Холандија како бразилски државјанин кој треба да помине стажирање во Меѓународниот кривичен суд во Хаг.