БОМБА! Таче и Осмаи го имале францускиот предлог само го криеле од јавноста бидејки знаеле дека е штетен
Предлогот го има и Кабинетот на Ковачевски и Кабинетот на Бујар Османи, како што го имаат и сите претседатели на држави, влади, министри на соседна Бугарија и земјите членки на ЕУ, рече пратеникот Антонио Милошоски.
Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во гостувањето на Сител се осврна на францускиот предлог и одбивањето од страна на власта во Македонија тој да биде претставен на јавноста и рече дека е потценување на јавноста, а со самото тоа и на пратениците, кога еден министер за надворешни работи тврди дека го нема францускиот предлог за преговарачката рамка, а другиот министер, член на неговата влада, Горан Милевски, јавно го одбива истиот тој предлог.
– Денеска имавме и пресконференција на Бон Клеман, тој е француски министер за европски прашања, кој одржа конференција по однос на средбите во Брисел за француското претседателство и самиот тој, кажа дека францускиот предлог се темели меѓу другото и на заедничките консултации и преговори помеѓу Скопје и Софија. Што значи дека предлогот го има и Кабинетот на Ковачевски и Кабинетот на Бујар Османи, како што го имаат и сите претседатели на држави, влади, министри на соседна Бугарија и земјите членки на ЕУ – рече Милошоски.
Милошоски додаде дека француската дипломатија е прилично темелна во делот на пристап кон овие европски прашања и рече дека е сигурен дека на 18 мај, кога имало телефонски разговор помеѓу премиерот Ковачевски и претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека една од темите на разговор било токму овој француски предлог.
– Од тој момент, од средината на мај до средината на јуни се изготвува овој предлог којшто потоа се доставува до сите земји членки со знаење на владата во Скопје, во Македонија и за истото тоа македонската има дадено согласност. Но, она што е според мене незрело во целата оваа ситуација и недемократски, нетраспарентно е што бугарската влада покрај целата поларизација во бугарското општество, сепак носи одлука да се дискутира за предлозите поврзани со Македонија во бугарското Собрание, а македонската влада не сака пратениците и јавноста, новинарите и граѓаните да бидат известени и да се дискутира за овој предлог во македонското собрание. Не се запознаени ниту пратениците на ДОМ, ниту пратениците на ЛДП, ДС, ни на ВМРО, Алијанса, БЕСА или било кои други пратенички групи и сметам дека голем хендикеп кој што асоцира, дава до знаење дека предлогот веројатно е неповолен и штетен за Република Македонија и како таков се обидуваат до последен момент да го кријат. Можеби предлогот е корисен за минимално продолжување на кариерите на Бујар Османи и Димитар Ковачевски, бидејќи и двајцата 3, 4 или 5 години ветуваат датуми секое полугодие, а истите ги нема, па сега се обидуваат ова како последна сламка за спас, да го испазарат за некакво импровизирано решение кое би било на штета на граѓаните – додаде Милошоски.