Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, почнал да чувствува жал за премиерот Димитар Ковачевски по суфлирањето од Али Ахмети пред новинарите и коалициските партнери од Владата.
„Почнувам да го жалам премиерот Ковачевски, откако прво беше исмеан, повторно, од премиерот на Албанија, Рама (‘Црна Гора’/’идна Западна Бугарија’), а сега и од Али Ахмети. Ова не е како Заев да го коригира својот колега министер за употреба на името на државата, туку неминистер му кажува на премиерот што да каже“, коментира директорот на БИП на Твитер.