Димитриевски се обрати до сите разочарани членови на СДСМ: Ајде сите со мене да ја формираме нај големата социјалдемократска партија и силно да победиме на следните избори!

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 информираше дека има намера заедно со неговите истомисленици да формираат политичко движење со кое ќе настапат на следните парламентарни избори во земјава.

-Сè уште официјално сум член на СДСМ, иако тие самите не знаат дали сум член или не сум член. Еден ден велат ќе се врати, другиот ден велат избркан е. Еден ден ме повикуваат, вториот ден се откажуваат од мене, ме критикуваат, организираат протести итн. Една политика локално раководство, друга политика централно раководство, трета политика лидерот итн. Раштиман оркестар. Немам намера да се вратам во СДСМ, затоа што имам намера заедно со мои истомисленици да формираме едно политичко движење на граѓаните во Македонија коешто на следните парламентарни избори ќе победи на најдемократски начин – рече Димитриевски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа