Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.
– Градот сега е под целосна контрола на Русија. Тие сега се обидуваат да го воспостават својот поредок и го поставија својот командант – рече градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук .
Претходно во текот на денот тој објави дека украинските сили речиси го напуштиле овој стратешки град, за кој веќе неколку недели се водат тешки борби.
Во таа прилика тој не прецизираше дали има целосно повлекување или само делумно движење на силите подлабоко на територијата на Украина.