ИЗВРШЕН НАПАД НА ЛИСИЧАНСК: Русите напредуваат во јужните предградија, Украинците масовно бегаат кон Киев (ФОТО/ВИДЕО)
Се наведува дека руските војници, освен минофрлачи и топови, извршиле и воздушни напади во областите на одредени населени места, пренесува Интерфакс Украина.
Се додава дека руските сили извршуваат напади во правец на Харков и Славјанск и дека главните напори се насочени кон продолжување на офанзивата во правец Изум – Славјанск.
Украинските воени групи се обидуваат да го напуштат Лисичанск, изјави денеска амбасадорот на самопрогласената Луганска народна република во Русија, Родион Мирошник.