Анкара не гледа смисла да си пука во ногата

Турција не воведува санкции кон Русија и нема да се приклучи на западните антируски санкции. Ова во интервју за ТВ каналот Хабертурк го изјави официјалниот претставник на претседателот на Турција Ибрахим Калан.

Според портпаролот на турскиот претседател, нема „ систематски притисок“ врз Турција да се приклучи кон антируските санкции, но „такви барања се примаат периодично“.

„ Веќе реков дека не можеме да го направиме ова, бидејќи тоа ќе ја погоди пред се нашата економија… на крајот, сè оди преку Турција“, ја цитира РИА Новости неговата изјава.

Како што истакнува Кален, Турција „ води балансирана политика кон Русија“, таа „не воведува санкции и нема да биде поврзана со нив“ и има намера „да ги почитува и да ги следи своите интереси“.

„ Ако сите ги уништат мостовите, кој на крајот ќе разговара со Русија? – го цитира ТАСС.

Според него, руско-турските економски односи „се од таква природа што воведувањето санкции ќе предизвика поголема штета на турската економија“ отколку на самата Русија, па Турција „зазеде јасен став“ по ова прашање и „тоа беше усвоено на запад“.