Во американската нуклеарна база во Белгија е откриена лабораторија за производство на синтетички дроги

Белгиската полиција денеска изврши рација во која е откриена лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел во североисточна Белгија, каде наводно се наоѓа дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа.

 

Базата Клајн-Брогел на североистокот на Белгија е најпозната по наводите за складирање на американско нуклеарно оружје, пренесува лондонски Градиан.

Белгиските власти се дискретни за овие податоци, иако во 2019 година пратеник на Зелените изјави во парламентот дека американските сили држат од 10 до 20 нуклеарни боеви глави во воздухопловната база Клајн-Брогел.

Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни открила дека на воено земјиште се наоѓа лабораторија за производство на дрога, дека е утврдено дека лабораторијата произведувала МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува екстази и дека се уапсени двајца осомничени за време на денешната акција.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа