Германија ќе учествува со дополнителни 15.000 војници во планираното зајакнување на единицата за брза интервенција на НАТО, најави министерката за одбрана Кристине Ламбрехт.
„Германија е подготвена да даде свој придонес. Веќе објавивме дека сме подготвени да испратиме дивизија, односно 15.000 војници“, објасни таа.
Дополнително, Германија ќе придонесе за опремата, со околу 35 борбени авиони и 20 бродови.
Ламбрехт најави и дека Германија ќе и испорача на Украина уште три тенковски хаубици.
НАТО во понеделникот објави дека ќе ја зајакне единицата за брза интервенција и дека ќе го зголеми бројот на војници за 40.000, на повеќе од 300.000.
Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина