(ФОТО) Асномците и левичарите на чело со Апасиев се префрлија пред Собрание! Се пеат антифашистички песни против ДУИ и СДСМ
Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде десетици илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење.
Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на срамните предлози од Бугарија.
Демонстрантите, меѓу кои и маскирани момчиња, со качулки и со голи до појас, фрлаат предмети кон зградата на Собранието и скандираат „Стево вошка“, „Уа фашисти“…
Пред Собрание е и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.