Специјалната полиција ги растера демонстрантите кои се најдоа пред Собрание и приведе дел од нив.
Приведени се неколкумина демонстранти, претежно млади момчиња кои беа со качулки на глава и фрлаа кон специјалците со се што им се најде при рака.
Присутните на протестот фрлаат со предмети кон полицајците и бараат да ги ослободат демонстрантите.
Бројот на полициски сили се зголемува од минута во минута, а некои од нив имаат и полициски кучиња.
Претходно неколку полицајци беа повредени и беа пренесени во болница со амбулантно возило.