БИФТЕЦИ, ЛОСОС, СКАПИ ВИНА Еве зошто  Маричиќ е толку крупен! Додека пола милион македонци живеат со еден оброк Маричиќ не штедел државни пари по ресторани

Маричиќ за А1 он вели дека не гледа проблем и дека сите негови трошења се транспарентни.

Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули до калифорниски пастрмки се плаќале со потпис на Бојан Маричиќ како министер за правда во ресторани, со што трошел по една просечна плата од државна сметка за јадење, дознава „А1он.“

На сметките на кои има и жолти ракии и висококвалитетни вина, тој плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.

Само од податоците кои „А1он“ ги доби може да се заклучи дека за една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштевање.

Од порталот наведуваат дека сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што се направени во евра.

Маричиќ за А1 он вели дека не гледа проблем и дека сите негови трошења се транспарентни.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа