Директорот на Службата за надворешно разузнавање на Русија, Сергеј Наришкин оцени дека плановите на Полска да воспостави контрола врз западот на Украина се опасни за цела Европа, бидејќи тоа ќе ја отвори Пандорината кутија и тогаш нема да биде добро за никого.
„Дефинитивно е опасно. Опасно е за Украина, опасно е за цела Европа. Работата е во тоа што на европскиот континент има доста точки каде соседите тивко ја бараат територијата на соседните држави“, изјави Наришкин за новинарите по средбата со раководството на КГБ на Белорусија.
Како што јави Спутник, според неговите зборови, Надворешната разузнавачка служба на Русија внимателно следи што се случува.
„Ако Полска ја отвори таа Пандорина кутија, тоа нема да биде добро за никого. Ова е суштински начин да се отежне ситуацијата на европскиот континент и, се разбира, да се намали нивото на меѓународна безбедност“, рече Наришкин.