РУСИЈА: Знаеме кој стои зад Бугарија – Цела ЕУ ќе го добие одговорот

Русија предупреди дека нејзиниот одговор на протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија може да влијае на целата ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

„Политизирањето на одлуката на Софија сигурно нема да помине без одмазднички мерки“, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

Таа рече дека протерувањето на дипломатите од Бугарија „далеку ја надминува дипломатската практика и ги повика Софија и ЕУ да „размислат за принципот на реципроцитет“.

„ЕУ мора да разбере дека непромислената поддршка за антируските акции на одделни земји-членки ја става одговорноста за нивните последици врз целата ЕУ, вклучително и одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.

Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа