Америка: Веќе не можеме да издржиме го укинувмеа ембаргото за руската нафта?

Во екот на војната во Украина и зголемениот број на санкции на Русија од страна на западните земји, Њујорк Тајмс пишува дека стратегијата на Соединетите Американски Држави наскоро ќе се промени.

 

Имено, Џозеф Бајден веќе им наложил на своите соработници да направат план кој ќе овозможи проток на руската нафта, да се укине ембаргото во превод, но по ограничени цени.

Претставниците на Белата куќа стравуваат дека новата рунда европски санкции насочени кон протокот на руска нафта може да доведе до нов скок на цените на енергијата до крајот на годината. Ова ќе им нанесе голем удар на западните економии, особено на САД.

За да го спречат тој исход, американските власти сакаат да смислат план кој нема да ги прекрши санкциите наметнати на Русија, но во исто време ќе овозможи руската нафта да стигне до светските пазари, но по значително намалена цена.

Лидерите на ЕУ веќе постигнаа договор за ембаргото на руската нафта, кое треба да стапи на сила до крајот на годинава. Планот е да се намали зависноста од руските енергетски извори во неколку фази, додека целосен прекин на увозот е планиран за декември годинава.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа