„Претседателот на ДУИ Али Ахмети и се препушти на песната по усвојувањето на францускиот предлог во Собранието на Македонија. На видео-снимката, што ја објави заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши се гледа како лидерот на ДУИ Ахмети пее национални песни додека се слуша во позадина албанскиот национален инструмент чифтели.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

“Претседателот Али Ахмети ја запечати идеолошката ориентација на с.Македонија кон интегрирањето во Европската Унија. Заедно ЗА Европска Македонија.’ – напиша Буши.