„ТРГАЈТЕ ВО НАПАД ВО СИТЕ ПРАВЦИ, НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕМА ДА ЗАСТАНИ“ Шојгу и дал итна наредба до армијата – Русија презема голема офанзива
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегледа јужните и централните трупи кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина и нареди да се интензивираат акциите во сите оперативни правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Шојгу ги дал потребните инструкции за дополнително зајакнување на акциите на единиците во сите оперативни правци со цел да се исклучи можноста Киев да изврши масовни ракетни и артилериски напади врз цивилната инфраструктура и жителите на населените места во Донбас и другите региони, пренесува агенцијата Интерфакс. .