Гечовска: Не го лажете народот во Македонија! Нема да има македонски јазик во документи на ЕУ! Францускиот предлог е прецизен

Позицијата на Бугарија со договорот со Северна Македонија не се менува и не отстапува од тоа што го утврди Народното собрание, со едностраната декаларација истакнуваме дека нивниот официјален јазик не го признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ во интегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ, истакна денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска и додаде дека потпишаниот протокол е составен дел на францускиот предлог, а дека преворите ќе започнат по внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Сепак, во однос на нивниот официјален јазик, тоа е малку поспецифично во контекст на другите 26 земји членки на ЕУ. Тие имаат свој став и ние не можеме на кој било начин да ги обврземе да ја прифатат нашата официјална позиција. Но нашата позиција е загарантирана како што е формулирана според договорот”, рече Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол на кој потпис денеска во Софија стави и македонскиот министер Бујар Османи.

Од тимот на Генчовска во тамошното Министество за надворешни работи дополнија дека е важно што „отсега ниту еден документ, во процесот на приклучувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, не може да биде прифатен како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик и тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на состанокот на Постојаниот комитет”.

Генчовска нагласи дека дека потпишаниот документ не е посебен, туку е составен дел од пакетот на францускиот предлог, но и дека првиот чекор на Македонија всушност, нема да биде почеток на преговори, туку политичка конференција во Брисел.

„При определувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во Република Северна Македонија, може да трае три месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години“, рече бугарската министерка и нагласи дека следните чекори треба да доведат до вклучување на Бугарите во македонскиот Устав.

Генчовска рече дека преговорите на Албанија со ЕУ ќе започнат веднаш по првата меѓувладина конференција.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа