Турција останува на ставот дека Македонија е Македонија и неможе да биде северна
Турција е на страната на Македонија во спорот за името со Грција, изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба со балкански иселеници во Истанбул.
– Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, бидејќи во овој случај Грција едноставно не е во право, истакнал Ердоган, пренесува „Та неа“.
Тој рекол и дека врските меѓу Турција и Македонија се братски и оти Скопје секогаш може да смета на поддршка од Анкара.
– Анкара и Скопје немаат никакви разлики и отворени прашања и ние нема да ги оставиме сами нашите браќа, туку ќе бидеме секогаш заедно со нив, рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.