„РУСИЈА МИСЛИ ЗА ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА УКРАИНА“ Западните функционери станаа на нозе по изјавата на Лавров

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок силно го критикуваше повикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за соборување на владата во Украина.

– Силниот презир на руското раководство кон демократската посветеност на Украина повторно се покажа.  Никој повеќе не може да тврди дека Русија размислува за ништо друго освен за целосно потчинување на Украина и нејзиниот народ –  изјави Бербокова во вторникот во Прага.

Во неделата во Каиро, Лавров за прв пат сосема отворено изјави дека Русија има намера да ја собори украинската влада .

– Во секој случај, ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно антинароден и антиисториски – рече Лавров, додавајќи дека рускиот и украинскиот народ ќе живеат заедно.

Бербокова во Прага се сретна со својата колешка Јана Липевски . Тие разговараа за плановите за германско-чешка размена за испорака на оружје во Украина, како и за меѓународна соработка во борбата против шумските пожари во Националниот парк Чешка Швајцарија.

Бербокова и Липевски го посетија и споменикот во градот Лидице, каде германската нацистичка армија застрела речиси 200 жители за време на Втората светска војна како одмазда.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа