Поранешниот Началник на генералштабот на АРМ генералот Методија Величковски е разрешен од својата функција само две недели откако неговото име се најде меѓу потпишаните кои испратија писмо до претседателот Пендровски против францускиот предлог.
Во писмото на кое е потпишан генералот а кое е испратено на 06 јули се бара Пендаровски да не учествува во прифаќање на францускиот предлог.
Само 13 дена подоцна на 19.07.2022, Пендаровски кој е врховен командант на армијата со указ го разрешува генералот Величковски кој е на возраст од 56 години и го праќа во пензија.
Извори во кабинетот на Пендаровски тврдат дека не се работи за реваншизам затоа што генералот Величковски секако ќе бил сменет но не даваат одговор зошто Величковски не можел да биде оставен да ја продолжи својата функција за да не се помисли во јавноста дека претседателот врши реваншизам против тие што се против францускиот предлог.
Смената на првиот човек на АРМ доаѓа откако само во првичната фаза околу 200 јавни личности, академици, професори, историчари, правници, писатели, уметници, економисти и други со писмо се обратија до претседателот на државата против француски предлог како услов за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
„Ние, Македонците сега сме турнати во историски амбис за да бидеме избришани од картата на Европа и светот. Во ова политичко ‘злокобно време’, време на 21 век, не смеете да бидете актер во политичко ништење на македонскиот народ и држава.
Гoсподине претседател Пендаровски, Вие лично со Димитар Ковачевски, претседател на Владата, на вратот на македонскиот народ му ставивте француски огламник, ултимативна спогодба помеѓу Македонија и Бугарија. Огламникот јарем, што во иднина треба да го носат Македонците под диктат на Бугарија.
Целта е обезличување на македонскиот народ пред да влезе во европскиот дом на народите. Вие претседателе, заборавивте плиткоумно, лекоумно, кој ве избрал во мај 2019 година.
Македонскиот народ и граѓаните на Македонија!
Ние, Македонците сега сме турнати во историски амбис за да бидеме избришани од картата на Европа и светот. Во ова политичко „злокобно време“, време на 21 век, не смеете да бидете актер во политичко ништење на македонскиот народ и држава.
Вие сте дел од извршната власт на македонската држава, уставно сте повикан да ги спречите погубните политики на Владата“, пишува во писмото кое што не е исклучено дека и пресудил на кариерата на генералот Величковски.