УДАРНО: Можна војна со САД – кинеската армија тестираше ненуклеарна ракета во близина на Тајван како одмазда – ПОЧНУВААТ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ
Кинеската војска има намера да изврши ракетни тестови и пукање како дел од своите воени операции во близина на Тајван, изјави во вторникот Ши Ји, портпарол на Источната борбена команда на Народноослободителната војска на Кина.
Од вечерта на 2 август, кинеските вооружени сили ќе започнат со воени операции околу Тајван, ќе се врши гаѓање од долг дострел во Тајванскиот теснец, а ќе се организираат конвенционални ракетни тестови во морската област на источниот дел на островот.
„Овие акции се правично одвраќање против неодамнешната голема ескалација на негативните дејствија на САД врз Тајван и сериозно предупредување за протајванските сили за независност“, рече Ши Ји.
Кинеската страна ги презема овие активности како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.
Пелоси пристигна на аеродромот Сонгшан во Тајпеј во вторникот вечерта, а нејзината посета е прва од претседател на Претставничкиот дом на САД од 1997 година.
Американската администрација, предупредена од кинескиот лидер дека „играњето со оган ризикува да изгори“, го увери Пекинг за неговата посветеност на политиката „една Кина“, но се огради од посетата, велејќи дека одлуката на Пелоси зависи од неа.
Кина го смета островот за своја провинција и секогаш се спротивставува на секој контакт меѓу претставниците на Тајпеј и актуелните функционери, особено високи функционери или војската од земјите со кои Пекинг има дипломатски односи.