РУСИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА: Кремљ го прифаќа договорот под овие услови! Донбас Луганск и Приморјето на Црно Море стануваат дел од Русија?
Русија беше и останува подготвена да го реши украинскиот проблем по дипломатски пат, но Москва тоа ќе го направи под свои услови и тие ќе бидат исполнети на овој или оној начин , изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Навистина, Русија беше и останува подготвена да го реши украинскиот проблем дипломатски – по свои услови. Овде едноставно е соодветно уште еднаш да потсетиме дека овие услови се договорени во Истанбул. А за нив се согласија и двете страни – преговарачите на Русија и Украина – посочи тој.
Портпаролот на Кремљ потсети дека подоцна Киев се откажал од овој договор и скршнал од преговарачката патека.
– И да, Русија е подготвена (за преговори). Нашите услови и се добро познати на украинската страна. Вака или онака ќе бидат обезбедени – заклучи Песков.
Војната во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари го најави почетокот на војната во Украина.
Во своето обраќање до своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките во Донбас се обратија до Москва за помош. Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.
За ова, според неговите зборови, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.
Министерството за одбрана на Русија редовно нагласува дека руската армија не изведува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.
На 29 март во Истанбул се одржа уште една рунда преговори, при што руската страна доби писмени предлози од украинската страна, вклучително и отфрлање на членството во воени сојузи, како и идејата за враќање на Крим со воени средства.