Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека заменик-министерот Денг Ли дал „официјална изјава“ за, како што рече, „дрско мешање во внатрешните работи на Кина“ , пренесе АП.
Кина испрати воени бродови и авиони, лансираше проектили во Тајванскиот теснец по посетата на американската висока функционерка Ненси Пелоси на Тајван.
На кинеската страна свртена кон Тајван, денеска се собраа туристи да ги гледаат воените авиони кои се упатуваат кон областа за вежбање.
Авионските мотори се слушаа над главата, додека туристите фотографираа сè и извикуваа: „Да го вратиме Тајван назад“, додава американската новинска агенција.
Кина утрово испрати воени бродови и авиони преку средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана, со кои кинеската војска по неколку децении ја премина неофицијалната тампон зона меѓу Кина и Тајван.