„ТОА Е ДЕЛ ОД ПЛАНОТ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ИНВАЗИЈАТА“ Тајванскиот министер со итна објава: Еве кога Пекинг би можел да нападне!
Зборувајќи со новинарите, тој не понуди временска рамка за можен напад на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, пренесува Ројтерс.
Тајвански официјален претставник рече дека Пекинг спроведува големи воени вежби и лансирање проектили, заедно со сајбер напади, дезинформации и економска принуда, во обид да го ослабне моралот на населението на островот .
– По завршувањето на вежбите, Кина би можела да се обиде да ги конкретизира своите акции во обид да го уништи долгорочното статус кво во тајванскиот теснец – рече Ву.
Тој, исто така, изјави дека таквите потези ја загрозуваат регионалната безбедност и даваат „јасна слика за геостратешките амбиции на Кина надвор од Тајван“, а исто така повика на поголема меѓународна поддршка за да се запрат обидите на Кина ефективно да го контролира теснецот.
Министерот нагласи дека Тајпеј не е исплашен, дури и во време кога Пекинг продолжува да маневрира преку неофицијалната централна линија на Тајванскиот теснец.
Источната команда на Народноослободителната војска на Кина денеска соопшти дека продолжува со продолжени воени вежби во морето и воздушниот простор околу островот Тајван, со фокус на блокадите и логистиката за снабдување, пренесува Ројтерс.