Во случај на ескалација на ситуацијата околу Тајван, Кина ќе може да потоне поголем дел од површинската флота на САД и Јапонија. Според Блумберг, до сличен заклучок дошле поранешни функционери на Пентагон и вработени во американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, откако играле игри со симулација на кинеска „инвазија“ на Тајван.

„Во 18 од 22 рунди на симулацијата, кинеските ракети потопија значителен дел од површинската флота на САД и Јапонија и уништија стотици авиони“, заклучи истражувачкиот тим.

Во првите четири недели од потенцијалниот конфликт, Кина би можела да уништи 900 американски борбени или нападни авиони, како и целосно да ја елиминира флотата на Тајван и половина од нејзините авиони, според аналитичарите цитирани од „Труд“.

Претходно, американскиот потсекретар за одбрана за политички прашања Колин Кал рече дека Соединетите држави не ги поддржуваат аспирациите на Тајван за независност.