СЕ ЗАДАДЕ БОЛЕН УДАР НА ЗАПАДОТ Ердоган и Путин се зближуваат, ЕУ и Америка се повеќе се вознемируваат
Дури и пред рускиот претседател Владимир Путин да го пречека својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во петокот во Сочи, се очекуваше нивните тајни разговори да се фокусираат на војната на Русија во Украина и се шпекулираше дека ќе ги вклучи и напорите на Кремљ да ги заобиколи западните санкции. Сега западните влади, како што објави угледниот „Фајненшл тајмс“ во саботата, предупредуваат на зголемен ризик Турција да биде казнета доколку и помогне на Русија да избегне санкции.