Заевото и на Таче про бугарско крило од СДСМ веднаш го нападна Бранко откако се обзнани дека прави партија

За наша Македонија, нормално!
Ми се допаѓа името на новата партија: “За наша Македонија”.
И јас кога би правел партија, би правел партија “За моја Македонија”.
Зошто би правел партија која би се викала “За нивна Македонија”?
Мислам, чесно е од Бранко и од Максим што во самото име не се препичуваат туку директно кажуваат дека формираат партија за своја Македонија.
Пола на Бранко, пола на Максим.
Така некако.
Можеби, Бранко, сепак, ќе лапне повеќе од пола.
Пред локалните избори Тортевски формираше “Твоја партија”.
Кога дојде да ме запишува го прашав, добро, Торте, што барам јас во Твоја партија, што не си формирал “Моја партија”, тој ми рече па ти, значи, сакаш Твоја партија, еве ти ја Мојата…
Хахаха!
Така и Бранко.
Зошто би гласал некој за нивна Македонија.
Добро, роднини, пријатели, љубовници…но тоа е малку.
Макар што и двајцата се познати како добри ебачи.
Но, да ги оставиме заебанциите, се поставува прашањето: Што ќе биде со Македонијата која не е нивна. Или, наша, ако најдобронамерно го протолкуваме насловот.
Дали тоа парче ќе се третира како туѓо.
Каква е оваа приватизација на државата.
Наша Македонија.
Твоја Македонија.
Моја Македонија.
Па стани мало, бре!
Македонија ја третираат ко парче месо фрлено во вир со пирани.
Секоја пирана има своја партија:
“За мое месо”.
“За месо без бели црви”
“За чисто месо”
Ова последната е партија на Перо, стара пирана од Пирава.
И не заборавајте: Тортевски не помина добро на испитот по коњугацијата на партиските алги. А пред некоја година во Дојран се беа толку намножоле што им го испија целиот кислород на сиот жив свет. Со се боцата од која дише еден лев адвокат.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа