„РУСИЈА ТРПЕЛА СЕРИОЗНА ШТЕТА“ Британците презентираа неверојатни податоци во најновиот извештај од Украина
Додека оштетените авиони претставуваат само дел од вкупната авијациска флота, Британија вели дека инцидентот ќе има влијание врз капацитетите на Русија во Црното Море , бидејќи аеродромот Саки се користи како примарна оперативна база, пренесува Ројтерс.
Основниот аеродром најверојатно остана оперативен, но областа до пистата претрпе сериозни оштетувања, додаде Министерството за одбрана во редовниот разузнавачки билтен на Твитер.
Експлозиите, во кои, според руското соопштение, едно лице загина, а пет беа повредени, ќе ја поттикнат нејзината армија да ја ревидира својата позиција за можните закани во регионот , соопшти британското Министерство.