Москва го извести Вашингтон дека дипломатските врски меѓу нив би можеле да бидат прекинати доколку Сенатот ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“.
Москва го информираше Вашингтон дека дипломатските односи меѓу нив ќе настрадаат сериозно, па дури и може да бидат прекинати доколку Русија биде прогласена за „државен спонзор на тероризмот“, изјави висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, цитиран од новинските агенции.
Шефот на северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи, Александар Дарчиев, рече дека ако американскиот Сенат навистина ги следи своите намери да ја стави Русија во таква категорија, тоа би значело дека Вашингтон ја преминал границата од која нема враќање.
„САД се предупредени“, рече Дарчиев.
Минатиот месец, двајца американски сенатори кои сакаат да поднесат предлог-закон за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот го посетија Киев за да разговараат за законот со претседателот Володимир Зеленски, потсетува Ројтерс.
Дарчиев изјави дека доколку се прифати, тоа ќе доведе до „најсериозни штети на билатералните дипломатски односи, до тој степен што тие ќе бидат деградирани, па дури и прекинати“.