„ЧЕКААТ ДА ПАДНЕ УКРАИНА“ Украинскиот министер лут на западните колеги, посебно го иритира едно прашање
– Министрите за надворешни работи често во интервјуа и разговори ме прашуваат: колку можеш да издржиш? Наместо да прашуваме што друго треба да се направи за да се победи во најкраток можен рок – изјави Кулеба во интервју за украинскиот новинар Дмитриј Гордон.
Тој додаде дека постои чувство дека сите чекаат да падне Украина и дека проблемот сам ќе исчезне.