Апасиев и Левица им стегнаа кривича пријава на сдсмовските началници од Битола поради бруталоста на параполициските структури на про бугарската СДС на Мечкин Камен

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАЧАЛНИКОТ НА СВР БИТОЛА – БЕНИТО ЈОШЕВСКИ ЗА МЕЧКИН КАМЕН
Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола поради инцидентите од Мечкин камен, кога полициските и параполициските структури на СДС малтетираа обични граѓани.
Преку уставно гарантираните права на ‘слобода на мисла’ и јавно изразување на мислата, како и правото на мирен собир и изразување протест, целта беше спротиставување на политиките на пробугарската СДС, кои го рехабилитират бугарскиот фашизам и врховизам.
⚠️ Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело “Повреда на рамноправноста на граѓаните” по член 137, ст. 2 од Кривичниот законик.
На транспарентите пишуваше: “Стоп за бугаризацијата” и “Предавници фашисти, клети врховисти.”
⛔ Режимот ги демонстрира своите авторитарни и анти-македонски одлики и за исполнување на фашистички цели истапува и вон законите. На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда.
📢 Од МВР, Оливер Спасовски, јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана.
Јасно е дека народот живее под тиранијата на авторитарен режим, инструментите во рацете на власта вонзаконски се користат на штета на народот и за да опстои, режимот на СДС и ДУИ ја уништува правната држава.
▪️Амар Мециновиќ, портпарол на Левица

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа