На Столтенберг не му држи на Путин па му се закаи на Вучиќ: Страв ни е од Путин и Русија ама може да ја гранатираме Србија?

НАТО е подготвен да интервенира во пократок рок, имаме таму сили, ќе бидат распоредени таму каде што е потребно, го зголемивме присуството на северот, детаљно сум известен за можностите на распределување, одговорот ќе биде пропорционален – рече Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за деталите за можна интервенција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во седиштето на Алијансата, тие разговарале за последните инциденти на северот на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

По Вучиќ, Столтенберг веднаш попладнево се сретнува и со косовскиот премиер, Албин Курти, на истата тема.

На крајот на јули ситуацијата на северот на Косово се вжешти по одлуката на косовската влада да им бара на Србите од Косово влез со привремени документи, наместо српски лични документи, и побара да бидат сменети регистарските таблички на возилата од српски на косовски во рок од два месеца. Ситуацијата набрзо се смири, но никој во регионот, но и во НАТО и ЕУ не исклучува повторна ескалација.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, порача попладнево за време на прес конференција со Александар Вучиќ дека КФОР, мисијата на НАТО на Косово, е подготвен да реагира брзо и пропорционално во случај на ескалација.

– Ситуација на терен е подобрена, рече шефот на НАТО, повикувајќи ги лидерите на двете земји да избегнуваат насилството и ескалација.

НАТО, рече тој, ќе продолжи од блиску да ја набљудува ситуацијата.

– Доколку стабилноста биде загрозена, подготвени сме да интервенираме и да ја обезбедниме стабилноста и безбедноста и слободното движење на сите лица на северно Косово, изјави Столтенберг.

За првиот човек на Северноатлантската алијанса, единствениот пат напред е дијалогот помеѓу Белград и Приштина во рамките на ЕУ. Утре во Брисел се одржува нова рунда разговори овој пат меѓу двајцата лидери – Вучиќ и Курти.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа