Вмровците знаат како треба! Откако Претседателот се откажа Охридскиот градоначалник со неколку пливачи ќе го организираат маратонот
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон.
Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација
– Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков.