РАДИОАКТИВЕН ОБЛАК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Симулација на ширење на радијација во случај на нуклеарна катастрофа во Запорожје: И нашата земја би била погодена од опасни честички (ВИДЕО)
Научниците открија дека поради временските услови во изминатите неколку дена, радиоактивните загадувачи би можеле да стигнат дури до Балтичкото Море на север, а по пат да ги зафатат Естонија, Летонија, Литванија и Полска, како и Белорусија.
На запад, радиоактивни загадувачи ќе влезат во Молдавија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Србија.
На почетокот на инвазијата на соседната земја, Русија ја зазеде нуклеарната централа во Чернобил, а на 4 март ја зазеде и електраната во Запорожје, создавајќи ризик од радијациона катастрофа.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го вклучи алармот поради неодамнешното гранатирање околу нуклеарната централа Запорожје, велејќи дека моменталната ситуација претставува висок ризик и може да доведе до „нуклеарна катастрофа“.