Руската хакерска група Килнет ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека го блокирала пристапот до повеќе од 200 државни и приватни естонски институции, објави Гардијан.
Естонската влада додаде дека нападот бил ограничен и поминал „во голема мера незабележан“.
„Вчера, Естонија беше предмет на најдолгиот сајбер напад од 2007 година. Со некои мали исклучоци, веб-страниците останаа целосно оперативни во текот на денот. Нападот помина незабележан во поголемиот дел од Естонија“, додаде владата.