„ЗАПАДОТ Е НЕСПОСОБЕН ДА ПОБЕДИ, САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА СЕ БЕСЛИСНИ“ Орбан претстави мрачни прогнози за Европа
Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека конфликтот во Украина има потенцијал да стави крај на западната хегемонија , на глобално ниво.
Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла.
Орбан, исто така, тврди дека Западот не е способен да победи ниту воено , ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени, бидејќи тие не ја постигнале својата цел – да го ослабат Путин и неговиот режим.
– И да биде уште полошо, сето тоа им се врати како бумеранг – додаде Орбан.