Силите на Русија и на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) ја напуштија индустриската зона Соледар и влегоа во градот, каде ставија под контрола неколку улици, изјави денеска офицерот на Народната милиција на ЛНР, Андреј Марочко.
– Што се однесува до населбата Соледар, има и голем број успеси – рече Марочко, пренесе ТАСС.
Како што рече Марочко, нивните војници ја напуштиле индустриската зона и веќе има улици од тој град под нивна контрола.