Тој нагласи дека причина за неговата оставка се резултатите од последните избори во Тетово, додавајќи дека Тетово не е само општина и град, туку е и нешто повеќе, пренесува Телеграф Македонија.

„Денеска имавме седница на потесното претседателство на Алијансата за Албанците. Разговаравме за политичката ситуација по локалните избори во Тетово. Тетово не е само општина и не е само град. Резултатите во Тетово се надвор од секое наше очекување и како партиски лидер ја преземам одговорноста во врска со тоа. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата. Во следниот период партијата ќе треба да одлучи кој ќе биде лидер на партијата.“ – рече меѓу другото Села.

Запрашан кој треба да биде следниот претседател на партијата, тој рече дека не е чесно да одговара во врска со ова прашање, додавајќи дека е тоа право на партиските органи.