Нема веќе крадење и тендери! СДС и ДУИ заминуваат во опозиција и во Тетово! Мицковски и Касами направија коалиција
Започнале подготовките за разговори на ВМРО-ДПМНЕ со Движењето Беса за формирање мнозинство во Советот на општина Тетово, јавува ТВ21.
„Веќе мислам дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса за мнозинство во Советот ќе се официјализираат во наредните денови, заедно само ВМРО-ДПМНЕ и Беса имаат 16 советници од вкупно 31, ова е мнозинство од почеток. Ќе видиме дали некој друг ќе се приклучи на ова мнозинство“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев смета дека со Движењето Беса ќе ја продолжат соработката што досега ја имале и во другите општини.
„Сметам дека со Беса ќе соработуваме добро и коректно, бидејќи и како што работевме досега во Советот минатата година, со нив коректно соработувавме, ги поддржавме проектите на градоначалникот на општината Билал Касами и очекувам така да продолжи и во иднина, таква соработка имаме и во голем број други општини, искуството е позитивно“, изјави тој.