„РУСИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА НАПРАВИ НЕШТО ПОСЕБНО ГРДО И ЗЛОКОЛО ОВАА НЕДЕЛА“, ги предупреди Зеленски Украинците пред националниот празник
Во видео обраќање доцна синоќа, Зеленски рече дека Украинците не смеат да дозволат Русија да „шири очај и страв “ меѓу нив, објави Гардијан.
Украина го слави Денот на независноста во среда, 24 август, а тој датум, исто така, одбележува цели шест месеци од почетокот на рускиот напад.
– Сите треба да бидеме свесни дека оваа недела Русија може да се обиде да направи нешто особено грдо, нешто особено зло – рече Зеленски.
Украинскиот претседател во својот говор ја спомена и серијата експлозии што го погодија Крим во последните денови.
– Годинава буквално може да го почувствувате Крим во воздух, дека окупацијата таму е само привремена и дека Украина се враќа – рече Зеленски.